(Видео) ГООООЛ НА ПАНДЕВ: На денешен ден историја за Македонија!!
ФУДБАЛ
11/12/20261 min read


На денешен ден, пред шест години, македонскиот фудбал го доживеа најголемиот момент во својата историја. Репрезентацијата предводена од Игор Ангеловски ја совлада Грузија во Тбилиси и за првпат обезбеди пласман на Европско првенство.
Херој на историската победа беше капитенот Горан Пандев, кој го постигна единствениот гол на натпреварот и ја оствари долгогодишната желба на македонските навивачи.
На Европското првенство во 2021 година Македонија се соочи со Австрија, Украина и Холандија. Иако не успеа да освои бод, самото учество на континенталниот собир беше историски успех за нашата селекција.
Еуфоријата продолжи и една година подоцна, кога Македонија стигна до баражот за Светското првенство. Во Палермо падна големата Италија, но во финалето Португалија беше преголема пречка.
Шест години подоцна, победата во Тбилиси и голот на Пандев остануваат едни од најсветлите моменти во историјата на македонскиот спорт.
Видео:
