(Видео) Кари како во старите добри времиња: Даде 44 поени за 30 минути!

КОШАРКА

10/29/20261 min read

Стеф Кари постигна рекордни 44 поени сезонава, а Голден Стејт славеше на гостувањето кај Минесота со 119-114 во Минеаполис, каде што домашниот тим настапи без повредениот Ентони Едвардс.

Триесет и осумгодишниот Кари потсети на своите најславни денови од пред десетина години, постигнувајќи дури 44 поени за само 32 минути игра. Од поле шутираше 11/27, погоди шест тројки, а беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања, реализирајќи ги сите 16 обиди. На својот учинок додаде и осум скока и шест асистенции.

Вориорс на полувремето имаа убедлива предност од 64-48, а во средината на третата четвртина разликата достигна и 24 поени (78-54). Тимбервулвс го добија второто полувреме со 66-55, но не успеаја целосно да се вратат во натпреварот и да направат пресврт.

При резултат 116-112, Џејден Мекдениелс во финишот промаши две тројки, додека Боунс Хајланд во последните секунди ја намали негативата на три поени. Сепак, Кари со две реализирани слободни фрлања ја запечати победата на Голден Стејт.

Видео:
https://www.youtube.com/watch?v=96o0ERdz_G0&source_ve_path=MjM4NTE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2F