(Видео) Роналдо им возврати на критичарите со хет-трик

ФУДБАЛ

10/30/20261 min read

Кристијано Роналдо продолжува да ги поместува границите во професионалниот фудбал. Португалецот блесна во дресот на Ал-Наср, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа од 5-3 над Ал-Холод во натпревар од саудиското првенство.

Првата ѕвезда на Ал-Наср ја презеде главната улога во второто полувреме, кога во период од само 15 минути трипати ја затресе противничката мрежа. Роналдо првиот погодок го постигна во 66. минута, а до својот трет гол стигна во 81. минута, потврдувајќи дека и на оваа возраст сè уште е еден од најопасните голгетери.

Со овој триумф, Ал-Наср стигна до 28 бода и се израмни на врвот на табелата со Ал-Кадсија, која има ист број бодови. Победата дополнително ја зголеми самодовербата на тимот во борбата за највисок пласман.

Сепак, индивидуалниот подвиг на Роналдо повторно го привлече најголемото внимание. Португалскиот ас сега е на само 15 погодоци од достигнувањето на неверојатната граница од 1.000 гола во професионалната кариера.

https://www.youtube.com/watch?v=L7pvqRkKN_Y