(Видео) Се започна оттука: На денешен ден пред 24 години – Роналдо го постигна својот прв гол!

ФУДБАЛ

10/8/20261 min read

Точно пред 24 години, на 8 октомври 2002 година, Кристијано Роналдо го постигна првиот гол во професионалната кариера. Тогаш 17-годишниот Португалец двапати се запиша во листата на стрелците за Спортинг во победата од 3:0 против Мореиеренсе.

Првиот гол го постигна во 34. минута, откако со голема брзина тргна од речиси центарот на теренот, влезе во шеснаесетникот и го совлада голманот.

Спортинг денеска ја одбележа годишнината со видео од историскиот гол и порака дека токму тогаш започнала приказната која го промени светскиот фудбал.

https://x.com/SportingCP/status/2107803305913311405?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2107803305913311405%7Ctwgr%5E82297f7d42b14a9cd19d4e6a7ce1e24d0c6000a9%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvecer.mk%2F