(Видео) Суарез постигна еврогол - погледнете!
ФУДБАЛ
10/29/20261 min read


Уругвајскиот напаѓач, кој во јануари наполни 39 години, уште еднаш покажа дека годините не му го одзеле голгетерскиот инстинкт. По првото полувреме без голови, Суарез во 61. минута со мајсторски удар од далечина го надмудри голманот на Синсинати и му донесе предност на Интер Мајами во натпреварот од регуларниот дел на сезоната во МЛС-лигата.
Се чинеше дека погодокот на искусниот Уругваец ќе биде доволен за победа, но гостите направија целосен пресврт во финишот. Кенџи Мбома Дем израмни во 80. минута, а само шест минути подоцна Самуел Гиди му донесе водство на Синсинати од 2-1.
Сепак, Интер Мајами успеа да избегне пораз благодарение на Рикелме Филипи. Младиот фудбалер влезе во игра во 83. минута, а во самиот финиш, во 90. минута, го постигна својот прв гол во дресот на клубот од Флорида и му донесе бод на својот тим.
