Влезниците за фудбалскиот натпревар Македонија-Словенија од понеделник во продажба - еве колку ќе чинат!
ФУДБАЛ
10/30/20261 min read


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите и љубителите на фудбалот дека продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Словенија, кој ќе се одигра на 16 ноември (понеделник) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, ќе започне на 2 ноември.
За овој натпревар од 6. коло во Лига на Нации - група Б, цената на билетот ќе изнесува 500 денари.
Влезниците ќе можат да се набават исклучиво преку официјалната платформа за електронска продажба на билети на ФФМ: eticket.ffm.mk.
Ова е воедно последниот натпревар од групата, а претходно македонскиот национален тим ќе гостува на 13.ноември во Шкотска.
