ВРИЕ ВО ЈУНАЈТЕД: Мартинез брутално го нападна раководството!
ФУДБАЛ
10/14/20261 min read


Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, по поразот од Атлетико Мадрид излезе со изјава која привлече големо внимание.
Аргентинецот смета дека раководството не направило доволно за да создаде посилен тим, тој е бесен на актуелните случувања во клубот.
„Лани имавме фантастична сезоната и сега очекувавме повеќе од врвот, повеќе фудбалери да конкурираат бидејќи многу тимови купуваат играчи. Очекував повеќе инвестиции. 100 проценти, очекував повеќе од нашиот технички директор“, вели Лисандро Мартинез.
„Ќе бидам искрен, како фудбалери ние мора да дадеме повеќе, но исто така важно е да имате посилен состав за да бидете подготвени за вакви ноќи“.
„Лесно е сега да се критикува тренерот, да се критикуваат играчите, но исто така треба да ги видиме и другите сектори во клубот“.
„Може да ги отпуштате тренерите, постојано да го правите тоа. Но, што е со другите сектори“.
„Минатата сезона направивме се, креиравме база да да направиме неверојатен тим“.
Фудбалските критичари во Англија сметаат дека оваа изјава на Мартинез е премногу директна и може да создаде раздор во соблекувалната и во клубот.
