Зајков: Верувајте нас ни е најтешко!

ФУДБАЛ

10/7/20261 min read

„Почнавме добро, првото полувреме го одигравме солидно, сите голови вечерва беа некако несреќни. Првото полувреме цела екипа бевме солидни, се надевам дека тие несреќни моменти ќе ни се вратат на други натпревари во иднина, треба сите да извлечеме поука од овој натпревар. Видов многу изјави овие денови, стари и млади...во фудбалот немате стари, млади или сте добри или сте помалку добри. Сите треба да се издигнеме од оваа ситуација, знаеме дека на цела јавност ѝ е преку глава, меѓутоа така ни е и на нас и верувам дека со еден позитивен резултат ќе тргнеме кон некои подобри времиња“, изјави Зајков.

„Благодарни сме на публиката, даваме се од себе да им вратиме на некој начин се надевам дека ќе ја оправдаме во следните натпревари“, порача дефанзивецот.

Следува пауза од еден месец од репрезентативниот фудбал.