ЗЛАТНО ДЕВОЈЧЕ: Милијана Рељиќ освои медал на многу силен турнир!
ОСТАНАТО
10/5/20261 min read


Македонската олимписка таеквондистка, Милијана Рељиќ уште еднаш покажа дека е врвна во својот спорт.
На многу силниот турнир во Тирана, „Албанија Г1 Опен“, нашата млада спортистка го освои бронзениот медал кој и донесе нови 3,60 бода за светската и олимписката листа, со што македонската натпреварувачка сигурно ќе го задржи своето место меѓу водечките десет во светската елита.
Својот пат кон подиумот македонската репрезентативка го отвори во втората рунда, триумфирајќи со 2-1 во рунди над претставничката на Канада, Леонарда Андриќ.
Во полуфиналето, патот кон златото ѝ го пресече Хатиџе Пинар Јигиталп од Турција, која успеа да наметне свој ритам и ги доби двете рунди со идентични 4-2.
Браво и само напред за нашата Милијана!
